прв (прид.) - е (гл.)

Дури тогаш забележувам дека надмоќноста на првите е привидна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Првата е дека за демократија се неопходни граници и рамката на државата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Првиот е либералното потекло на неговото семејство, отворено за уметноста (татко му бил скулптор), а вториот родниот град Келн, полн контрасти меѓу католичката буржоазија и „црвениот“ пролетаријат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од почетокот на транзицијата, донесени се три измени и дополнувања на тогаш- важечкиот Закон за инспекција на трудот. 2 Првата е од 1990 година, втората од 1991 година, а третата од 1993 година. 3 Ниту една од промените што се воведени со нивното донесување не ги засегаат правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Алкохолот што се содржи во жестоките пијалоци помешани со метил и оној што се употребува во медицината (првиот е често користен од тешки алкохоличари поради популарните цени) е посебно токсичен, понекогаш предизвикува слепило, кома и смрт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првиот е Коле. Седи во последната клупа, па главата често ја потпира на ѕидот. Од тоа и варта е излупена зад него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бил ранет четири пати, а при крајот на војната бил заробен и депортиран во американски логор во Франција.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)