прв (прид.) - кој (зам.)

Неговата преокупираност со сексот, насилството, хуморот, критиката (комично или грешно е да се каже дека јас бев првиот кој фрли јајце - итн...): но Роботовиот измет е бел и во обликот потсетува на витамини, дезодоранси и еленски брбушки; пенисот е сенка на прстот; а вагината потсетува на вагината на китот. 4.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па сепак, ние се грижиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од првите кои расправаа за Burroughs-овата книжевност во контекстот на новите медиуми, беше филмскиот критичар P.W. Jansen: „Burroughs -овите методи на пишување“, вели тој во Frankfurter Allgemeine Zeitung, 1971., „се техники­те на филмот - монтажа, претопување, редење на поединечни слики, промена на перспективата...“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За момент замолчев, но потоа видов дека сѐ е на своето место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според мислењето на Ханс Ајзенк (Psycology of Politics, London, 1954), еден од првите кој сериозно се занимавал со истражувањата за вредносните ориентации и политичките определби, втората димензија ја претставува проекцијата на особините на личноста на поединецот врз областа на социјалните случувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ти си првиот кој ме внесе во алејата на љубовта, ти си првиот кој ми го дари првиот касај на сласта, беше главен актер и сведок на кого по сопствена желба му ја дарував својата чест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знаеш Томо дека ти си првиот кој влезе во мојот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти си првиот кој со својот опул ни даде живот и ја сети болката во нашите очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Овој германски смел патописец, како што се вели за него, бидејќи имал храброст да патува во далечни и неистражени предели, е првиот кој, по Евлија Челебија, така опширно говори за Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едноставно ги снема. Беа едни од првите кои што заминаа во транзициската јабана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Фридрих Велики бил еден од првите кои ги увиделе квалитетите на сосема новото „пијано-форте“ („тивко-гласно“).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш Палестинците, од почит кон Југославија, сакаа барем симболично, југословенскиот да амбасадор да биде првиот кој го прима Арафат во својство на Претседател на државата Палестина за да ги прими акредитивните писма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како учебно помагало во курсот по анатомија, Хамилтон ни покажа филмови за оддолжено дејство на X-зраците на човековото тело, кои прикажуваа синхрони движења, движења на дигестивниот тракт, перисталзисот итн. Тие беа единствени. Се надевам дека сè уште се.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потоа клинички години од општа медицина, хирургија и останатите главни гранки на ортодоксната западна медицина. (...) Нашиот професор по анатомија, професорот Хамилтон, и неговиот аси­стент д-р Харисон, беа првите кои во мене ја поттикнаа страста за истражување. (...)
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ирвинг беше еден од првите кои Иван ги донесе во моето ателје, и секако, кога ги виде моите слики, умре од смеа, но веќе следната година се врати, бидејќи виде дека Кастели го презема Лихтенштајн , и ми понуди изложба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Или, и пред да го вчудовиди таа сличност, бил упатен во врската на жена си со Ролан, но молчел чекајќи да го види крајниот резултат на таа врска и какви последици можат да произлезат од неа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И како тогаш да не се запрашаме дали Иван Степанович не е првиот кој ја открил сличноста на својот син со Генералот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)