прв (прид.) - бакнеж (имн.)

Ме имаше уште на првиот бакнеж, секогаш ме имаше само мене. Засекогаш твоја, љубов!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Подај ми ја раката и никогаш не пуштај ме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Срцето на Томо зачука со истиот топот исто како кога под клупата на зелениката зад стадионот крадешкум ѝ го украде првиот бакнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја мачеше само помислата дека пропуштила нешто во приказните за првите бакнежи, или дека, не дај боже, нешто ѝ фали, па никогаш нема да може да ужива во бакнувањето, во тоа грозно, агресивно и лигаво пикање на јазикот во нечија туѓа уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше лута на некого што некогаш ја излажал дека првиот бакнеж е прекрасен и дека се памети цел живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште тогаш, додека сите нејзини соученички веќе имаа момчиња, а момчињата веќе имаа по неколку девојки, таа сѐ уште чекаше да ѝ се случи првиот бакнеж. (Никогаш во животот нема да може да си објасни што е тоа што неа ја задржуваше да тапка неколку чекори зад животните искуства на својата генерација).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така, првата можност нему всушност му го одложи првиот бакнеж.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неговиот здив, топлата прегратка, првиот бакнеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стојат така зад стеблото на јаворот, на гимназискиот излет кога првиот бакнеж шумоглаво ѝ го донесе мирисот и вкусот на непочувствувани билки.  Сега се затечува себе си со затворени очи, со усните наместени за бакнеж и одмавнува со главата како да сака да го отфрли забрзаниот тек на мислите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
– Ех – издивна Анѓа длабоко – не знаеш ти какви морници ја опфаќаат снагата, какви мравки ја полазуваат, како зоврива крвта во тебе кога за првпат ќе те прегрне тој. A при првиот бакнеж – свеста ти се губи...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ти го паметиш првиот бакнеж?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Прво се израдувала, а потоа се уплашила од првиот бакнеж  - Кутрата таа, кутрата ти!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Други, пак, велеа дека почнал да се здебелува по првиот бакнеж со неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- А сега внимание! – им свика. - Овде го имав првиот бакнеж. Да, точно под дрвото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се присетија и на првиот бакнеж кога си ги држеа образите прилепени еден крај друг чувствувајќи како им горат; гледаа некаде пред себе во ливадата, а всушност видот им се замаглуваше, добиваа слепило; потоа усните им се најдоа допрени една до друга како две врели жарчиња; црвенилото од образите им зашета по телото и почна да им иде вртоглавица, но пријатна како од први голтки алкохол.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)