прв (прид.) - бран (имн.)

Нѐ пречекуваат првите бранови, стигнати, од другиот слободниот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ни зборуваше и за првите бранови завист поради успехот кои допираа од океанот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)