прв (прид.) - братучед (имн.)

Ѓорѓи и Слобода се први братучеди, Пане им е чичко!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нивниот син, мој прв братучед, Крсте Анѓелов Јанче е војвода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А пред неа загина и нејзиниот син, а мој прв братучед.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Баба замина во 1937 година ненадејно во Цариград, според упатството на нејзиниот прв братучед Али Фети Окјар, тогаш амбасадор на Република Турција во Англија, за во една турска банка да ги подигне парите кои ѝ биле оставени со тестаментот на нејзиниот татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Истата година загина и мојот прв братучед Васил Ичев, член на Елас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не стигнала да оди ниту до банката на која ѝ укажал нејзиниот прв братучед од Лондон, по својот дел од наследството. Како да се плашела од ново разочарување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)