прв (прид.) - братучеда (имн.)

Границата повеќе не ни пречи!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тука е и првата братучеда Рукие, десет години постара од мене, со која се гледам првпат, по шеесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се случи во неговото семејство, првата братучеда по мајчина линија Лејла, дамна замината во Цариград, да се вљуби во еден муслиманизиран Евреин (дмне), припадник на еврејските Сефарди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Десетина години Сефардот ја чекаше раката на убавата братучеда. Најпосле се споија двете судбини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)