прв (прид.) - вест (имн.)

Жеравите што прелетуваат од југ кон север носат убаво време, носат први вести за враќањето на пролетта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Историчарот не е тој што може да ја опише психичката состојба на македонските заточеници од денот на првата вест за амнестијата до ослободувањето и тргнувањето за татковината. Тоа, сепак, е работа на писателот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
XVII Во Козар маало завладеа голем страв по првата вест за забраната на козите. Стравот стана уште поголем кога се расчу дека Чанга исчезнал со своите многубројни кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но едно утро, најпосле, од радиото дојде првата вест за крајот на козите. – Козите – ечеше енергичниот глас на спикерот – се заколнати непријателки на социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)