прв (прид.) - вечерна (имн.)

Трипати на ден го менува мирисот: наутро, сѐ додека пука зората и додека врз јасносините и белузнави листенца во капки истрајува росата; на пладне, кога вршник е жегата и квечерум, пред заодот на сонцето - до првиот мрак и првата вечерна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека во првите вечерни часови се затвораат „Халите“, додека се повлекуваат тезгите во сите трговски дуќани, кога престанува животот и работата на ескалаторите во најголемата париска трговска куќа „Лафает“ и кога се затвораат речиси сите продавници, и кога трговскиот Париз оди на одмор, во метрополата пак е живо и пак се тргува, но сега само за ноќните посетители и гости...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бранко го наближи споменикот пред гимназијата. Овде обично, во првите вечерни часови, се состануваше со девојката; блиску беше паркот и можеше лесно и бргу да се сокрие од љубопитните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ветрецот ја носи првата вечерна свежина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А боите меки, нежни, влажни во првата вечерна роса, не те одвлекуваат од свеста дека во животот сепак има надежи и дека борбата е неизбежна само заради животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од „Сен Жермен де Пре“ не се далеку „Шатле“ и оние париски кејови кои најмногу оживуваат во првите вечерни часови, штом ќе зајде сонцето, и штом ќе залади времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во „Тандем“ останавме сè додека се стемни и почнаа да влегуваат првите вечерни гости.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)