прв (прид.) - влакно (имн.)

Дури по пубертетот почнаа да му се јавуваат знаци на машко: да му се здебелува гласот, да му се јавуваат првите влакненца под носот и на лицето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ним почнуваат да им растат постепено цицињата, им се појавуваат првите влакна под мишките, се нафрлаат со мозолчиња по лицето и по телото и почнуваат да се интересираат за момчиња малку повеќе и на поинаков начин одошто кога биле мали девојчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)