прв (прид.) - впечаток (имн.)

Наежавен, мислеше како да го одбегне главечкото паѓање од висината, но го успокојуваше меката, разбранувана површина на песокот на кој остануваа ронливи длапки од стапките. Тоа беа само први впечатоци.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Конечно, еве ја и неа. Првиот впечаток – неповолен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Агресивно е од мене да го кажам првиот впечаток, но тој е таков.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Катерина во еден момент рече дека за првиот впечаток е доволен и гласот на срцето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спремен сум да се сложам со неа иако ваквата дефиниција нѐ упатува кон интуицијата, кон женскиот осет на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
4 Георги Старделов го формулира своето сознание начинот на кажувањето на Чннго, посочувајќи ни еден целосен паралелизам со народното творештво: „Првиот впечаток со кој се доживува прозата на Живко Чинго се наметнува низ сознанието со кое си го претставуваме нашиот модерен раскажувач низ ликата на нашиот мудар и ингениозен народен раскажувач...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите пациенти подоцна изјавуваа дека првиот впечаток бил многу пријатен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама, ако го праша пријателот „зошто“, што ќе му одговори?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си призна дека многу сака да ѝ се допадне, па размислуваше како да го поправи првиот впечаток и на крајот приготви план кој донесе големи промени во неговиот секојдневен живот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)