прв (прид.) - генерација (имн.)

И тоа бездруго силно ќе се одрази во неговиот живот и во животот посебно на првата генерација негови потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што првата генерација на маниристи го насетуваше во “магијата”, на другата генерација & го потврдува “егзактната” наука.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од таа 1977 до некаде 1981, кога се запишав на Академија, јас сум потполно слободен, освен што волонтирав кај Хаџи-Бошков, што е исто добро искуство... Ти си првата генерација на ФЛУ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, дипломираше во првата генерација студенти на Филолшкиот факултет во Скопје, македонски јазик и литература.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас би рекла дека секогаш беше сурово чесен и ненаметлив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И секоја геј-генерација или полугенерација по нашата го правела токму истото, цело време мислејќи дека е првата генерација што направила така, првата геј-генерација во историјата што не гледа ништо интересно и вредно во наследената, традиционална геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ние бевме првата генерација девојки родени по настанувањето на зборот “сексуалност” во 1859 година, ние бевме девојки во она време кога интимниот однос помеѓу машкото и женското тело некои го нарекуваа ”телесен чин”, други - “венеричен чин”, трети - “нагон за расплодување”, и тоа физичко соединување на двата пола беше исчекувано со идеализирање, но беше сфаќано и како деградација, а понекогаш за исто суштество беше и едното и другото: од тоа соединување на двете тела се очекуваше воздигнување на душата во некои небесни сфери, но и се гледаше на него како на некаква животинска активност која ја валка душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И секогаш потоа, кога веќе не бев девојка, и се обидував да се сетам на девојките од времето кога и јас бев девојка, пред очите ми се појавуваа само оние најблиските, се сеќавав на преплашеноста во гестовите, на потреперувањето на гласовите, на воздржаноста која уште повеќе ја истакнуваше заузданата возбуда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко добро знаеше дека заминувањето од родната земја, за првата генерација, е видливо жртвување, втората генерација веќе не е докрај свесна за жртвувањето, додека третата е, конечно и неповратно жртвувана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие се првата генерација од нашиот вид што ја откри и истражи Киберија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Припадниците на новата раса ќе ги обликуваат, изумат, дизајнираат реалностите во коишто живеат. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 59 ДИЗАJНЕРСКИ ОПШТЕСТВА НА 21 ВЕК Кој ги контролира екраните ги контролира мислите на екранските гледачи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега тие мигрираат, не во нов простор, туку во широко отворено ново време.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)