прв (прид.) - глас (имн.)

На пример, првиот глас ја пее темата почнувајќи од до, додека вториот глас се суперпонира на првиот започнувајќи ја темата четири ноти погоре, од сол.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Не секој, - загровта првиот глас. – Јас не верувам во ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Првиот глас продолжува со пеење на „контра-темата“ одн. секундарна тема, избрана за да контрастира со главната на ритмички, хармониски и мелодиски план.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јазикот беззвучно му работеше на формирањето на првите гласови час на едниот, час на другиот збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој на првиот глас за доаѓањето на гостинот, се стресе, пожолте, занеме, стрча и исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Темата ја најавува првиот глас, а потоа по истекот на одреден интервал се најавува „копија“ во истиот тоналитет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)