прв (прид.) - голтка (имн.)

Со првата голтка сладникав пијалак, му доаѓа сликата на Јана како се сонча грбешки на сламената простирка, по куси машки пантолони и откопчан елек.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Напладне, заедно со„пленот“, веќе е дома, истуширан, преслечен, и со смирена воздишка ја испива првата голтка топол чај од шумски јагоди и ја отвора скриптата со новата улога.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во твоите очи го видов мирот и спокојот кога „лотосот“ ги голташе првите голтки на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По испиените први голтки кафе, станува директорот на театарот од Тирана и ни се обраќа со зборовите: - Драги гости, браќа, имам чест да ве поздравам и да ви изразам добредојде во нашата земја, токму во времето на прославата на стогодишнината на великанот Сталин!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- А првата голтка ми го кине желудникот, не досадувај со описи, што понатаму?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Откако наздравивме и ги испивме првите голтки од пенливото вино, амбасадорот Крисман зеде од својата работна маса една подебела фасцикла и ми ја подаде.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со првиот благослов почнуваат и првите касаи, првите касаи одат со првите голтки, а уште со првите голтки почнуваат првите извици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да влезеше тогаш во некое бифе, ќе се опијанеше не од првата чашка туку од првата голтка бочвен воздух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
При првата голтка чувствувам вкус на мента, нане и мајчина душичка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ти се јавуваат на прошетка, на клупа, во паркот, при сркнување на првата голтка на утринското кафе и те враќаат во тоа што далеку остана зад тебе, но е нераскинлив дел од тебе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакаат да им ги секнат кладенците од кои ја испиле првата голтка вода.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Утрото, кога Татко ја отворил адвокатската канцеларија, го поканил на утринско кафе, во омиленото кафеанче крај Езерото, семејниот побратим Гури Порадеци. – Не ни се пишува арно! – го започнал разговорот Гури Порадеци откако ги испи првите голтки од кафето. – Ништо ново, побратиме мој! – Ама сега опасноста е надвисната над вашата куќа. – И тоа не е ново, побратиме! – Те накодошиле, од ваша рода, блиски до Италијан­ците, оти не си сакал да им се придружиш и сега си им на нишан!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)