прв (прид.) - грев (имн.)

Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш една ноќ после долгото патување по разбрануваното море на љубовната авантура ја прашав Катерина, (навистина ја прашав); ѝ реков: „Ти ако беше Ева, замисли си ти ако беше онаа дамнешна пра пра убавица Ева, и ако знаеше дека она што го вложуваш во безграничната игра на нашите тела ќе биде причина да нè избркаат од Рајот, дали ќе се откажеше од играта!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Индивидуалистичкото мислење е првиот грев на Јудео-Христијанско-Исламската Библија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од лицето ѝ зрачеше младешка убавина недопрена и немилувана, но стасана и желна за првиот грев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа ги саботира обидите на авторитетите да го средат хаосот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)