прв (прид.) - група (имн.)

Затоа и Иван не успеа да го врати Крстета со првата група бојци од II македонска дивизија, кои се групираа во Софија и си тргнаа кон своите родни краишта по цела Македонија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во текот на ноември и декември под непоседна команда на ГШ на НОВ и ПО на Македонија дејствувале следниве единици: а) Прва група баталјони: 2 македонски баталјона и 1 чета придружни орудија (4 минофрлачи и 4 митралези); б) Втора група баталјони: 2 косовски баталјона и 1 чета придружни орудија со ост состав какои во првата група; в) Дебарскиот младински баталјон; г) Кичевскиот (шиптарски) баталјон и Батерија топови 47мм.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во заклучокот на меморандумот сметал дека е потребно првата група да се упати на територијата на Порече што е можно побрзо со цел да се искоритат добрите временски услови, нивно организирање и извршување на поставените задачи. 64
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Задачата на Ламби му била олеснета поради информацијата дека на 15 октомври 1943 година во Црвена Вода пристигнала првата група од шест авиони кои донеле воена и друга помош за македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Биле предвидени две групи: во првата група влегувале капетан Самер, капларот Легмеид и Гаицки. Тие биле спуштени на претходно одредено место за мисијата Hackthorpe.71
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понтормовите цртежи можеме да ги ставиме во првата група, оние на Камбиас во втората, Bracelli а во третата ќе го споменеме необичното дело од времето на Гонгора и Марино, збирката од 48 гравури коишто тосканскиот бакрорезец Брацели 1624-та ја посветил на војводата Пјер Де Медичи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Здраво, живо, побратиме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАН: (Здрав и буен кон првата група печалбари).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На 12 јули 1993 во Скопје пристигна првата група од 260 американски војници која е придодадена на постојните сили на УНПРОФОР за Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 23 август 1993 е воспоставена полна пасошка контрола на границата со СРЈ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во првата група, покрај другите, биле: свештеникот Георги Василев од Лерин, Симеон Шишков од Екшису, познатиот војвода Алеко Џорлев од с. Баница - Леринско, Благој Симеонов од Демир Хисар - Битолско, а во втората биле: д-р Петар Кушев од Велес, познатиот револуционер Тодор Лазаров од Штип и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Храна ни спуштаа од вертикалниот отвор, секогаш во казан, а вода во голем ќуп.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Долу, во јамата во која бев, двете први групи ги надгледуваше само еден гардист.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Држеше долг камшик од кожа со оловна кугла на крајот, но не го употребуваше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оние од првата група кршеа со тешки копачи вилканска наталоженост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се разбира, не можеме да знаеме дали сите автори на рецензиите од втората група се геј-мажи (некои од најревносните коментатори кажуваат дека филмот го гледале заедно со сопрузите или со сопругите), ништо повеќе отколку што можеме да знаеме дали сите автори на првата група рецензии се стрејт (некои од највоздржаните коментатори велат дека филмот го гледале пред да излезат од плакарот или потоа).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ноќва првата група ќе даде стражари што ќе се сменуваат до разденување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме пушки, кубури. За овие неколку дни до доаѓањето в село ќе се распоредиме во групи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми одобрија. Вечерва заминувам со првата група камиони. Затоа те праќам таму...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Коста, пред да ја затвори вратата, слушна: - Аха, слушај, ќе заборавев. - Кажи, - рече Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе те пратиме со првата група.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во неговиот чекор нема разлуланост што е толку својствена на луѓето со една нога.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Покрај тоа, кај квотите од првата група се постави горна граница до која странците би можеле да бидат вработени, при што бројот на странци кои можат да работат во РМ не може годишно да надминува 113 5% од населението на Република Македонија кое законски е вработено, согласно податоците на Државниот завод за статистика (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ми дадоа лесна работа, во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нѐ донесоа овде со првата група, во зимата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)