прв (прид.) - дете (имн.)

Ама сповојница се бери на прво дете и тоа ако е машко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ВТОРОТО ДЕТЕ: (го поттурнува првото и поумирено.) Чекај бре, не знаеш да кажеш!... на чешмата, како што си полнеа жените вода, јас и овој (го поттурнува првото дете, кое сака да го измести и тоа да каже) се прскавме, застана и прашуваше каде седи Софре Танески.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Вангел, момче од нашето село, и тој загина со првите деца, стана и тргна кон џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога нам, со мајка ти, ни се роди првото дете, како што реков, брат ми беше веќе роден, мајка ми ги чуваше и двајцата; и синот и внукот на иста возраст.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Зар така по ветар, - велеше првото дете, - мене нешто како чукнат ми изгледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)