прв (прид.) - залак (имн.)

Ни збор да не чујам! - и си ги облече влечките што одеднаш се појавија во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го правеше тоа со притаена лакомост, со такт на искусна волчица која на гладта ѝ одговора со удолжување на времето до првиот залак, со блажен садо-мазохизам проткаен во игра, во ритуал на бавно приближување до жртвата за која, секој миг на исчекување да стане плен, преминува во вечност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
(...) Со самата одлука на мажот да му го послужи зготвеното тело на својот Љубовник и со завршниот истрел кој го запечатува неговиот прв залак, таа ја употполнува осудата и ропството над своето и над туѓите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби надвор некаде залутала... - рече таа загрижено и го стави првиот залак во уста, - Тврдо е. Не чини месото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама лели крпено, па крпено! He е како првиот залак шо ќе го касниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поточно, мигот кога Рада ќе го касне првиот залак; намерата ѝ беше да ѝ преседне неделниот ручек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)