прв (прид.) - замав (имн.)

За миг се двоуми и ... со првиот замав веќе се испишува петтата страница – за разговорот што на плажата во Сарај го водеше во едно дамнешно лето со татко му – за љубовта на мускетарот Атос спрема безмилосната Миледи: „И тој ја убива иако ја сака, а и таа го сака“...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа беше како некој да помина со крпа по сета белина наоколу и како да ги избриша со првиот замав сите тие превсенувања, сите тие бладања на неговите изморени зеници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си разговараше тој, со пријателите или со случајните намерници (за прв пат со поп и со начитан келнер) ноншалантно за теми од гимнастиката до метафизиката.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)