прв (прид.) - кат (имн.)

Туш немаше, шлапкавме во лилјаковата вода и слушавме како некој надвор извикува: „Перформансот заврши, кој сака да остане нека се симне на првиот кат”. Lazer едно време се нарекуваше Lazer Dog, тврдејќи за себе дека е куче.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На првиот кат имаше уште две спални за по пет прифатени жени, додека останатите четириесетина беа сместени на вториот кат во три необично големи простории.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона беше сместена во единствената еднокреветна соба на првиот кат, на кој беа распоредени три канцеларии (едната за директорот на Центарот Стево Трајчов и двете за шесмината воспитувачи што работеа на три смени), а во продолжение, на крајниот дел од зградата, беа кујната и трпезаријата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На првиот кат од зградата во заднината некои сенчести суштества се собрале на советување.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Го вртеше на сите страни, седната на неговиот тесен студентски кревет на првиот кат во блокот В, со мала тераса која гледаше на дворот, во едно сè уште студеникаво пролетно утро.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Канцеларијата на директорот беше на првиот кат, над мезанинот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најубавата соба, како што и планираше Роџер Прат, е во средината на куќата, на првиот кат, огромна соединувачка просторија, каде што конверзациите добиваат простор, а смеата, преку скалите, се пренесува кон долниот кат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Розите ги губат своите бледникави ливчиња, но веднаш до нив, нивните сосетки горделиво, во следниот час, распупуваат нови цветови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Два члена на кинеската делегација, помладиот повисок, обајцата во „маовки“, се симнуваат по скалите од првиот кат (простории за состаноци).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Фасадата беше скромно украсена. Прозорците на приземје и првиот кат имаа кремасти метални рамки во кружни форми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На првиот кат, во должина од целата куќа, балкон напред ограден со железа извиени во форма па шарои.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од отворениот прозорец на првиот кат ме стрелаше со вкочанет и потсмешлив поглед намразениот професор по јазик и историја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
НОЌ Грета и Дики излегуваат од зградата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од прозорецот на првиот кат ги посматра една стара жена со седа коса.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На првиот кат, децата од селото Крчишта и на вториот – децата од селото Граче.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Куќите беа двокатни. До првиот кат беа градени од камен, а погоре од штици. Така ги паметиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Екологист, економист, астролог, астроном, сѐ исто ми е - сѐ по некоја буква различна и толку! - тетка Марија се насмеа толку слатко што големиот стомак и се затресе горе-долу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На првиот кат имале гостински тоалет, но сега почнале да го реновираат затоа што не бил доволно чист и среден за да се употребува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Господинот Серафим Гроздановски, пензиониран доктор по правни науки, живееше сам на првиот кат од една станбена зграда во Капиштец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И без него сме способни да изведеме акција. “ Се сложивме со предлогот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Леле, ќе играме на копчиња!“ „Ама ќе се изненади Љупчо!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А кога ќе се искачиш од приземјето до првиот кат, трчаш да фатиш ред и сè така до четвртиот кат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Филип живее на првиот кат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Многу сака цвеќиња. Оној најцветен балкон на првиот кат десно е нејзин.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)