прв (прид.) - куршум (имн.)

Луѓето се плашеа најмногу од првиот пукот, од првиот куршум: знаеја дека тој е најкобниот; од него сè зависи што понатаму ќе се случува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако излезе со главата напред, што значи херојски, може уште првиот куршум да го удри в чело и тој безимен да се срамни со земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Среќа негова. Да беше на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Макар што одамна беше престанало пукањето, над главата ми профучеа првите куршуми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Атеш чуџуклер;“ ) — и сам ја наврте манѕерата кон прозорецот откаде пукна Крстевата манлихера. Заптиите истурија еден залп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стрелајте од грб и гледајте да погодите уште со првиот куршум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)