прв (прид.) - куќа (имн.)

Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Велгоштанецот се замисли и продолжи: - Кога во Белград ми го потпишаа мајсторското писмо, истата година почнав таму да ја ѕидам и првата куќа. Со каков мерак ја започнав.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Мислам, ќе полудам од радост, кога ќе ја видам исправена првата куќа што ќе ја соѕидам сам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога се приближувам до селото, првата куќа од лево, крај една мала карпа е на едни диви луѓе кои сите ги дефинираа како такви, затоа што не се мешале со никого, така што тие отсекогаш биле исклучок од сите случувања во селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го минавме мостот и фативме кон првите куќи отспротива.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа наместо да продолжи кон училишниот двор, тој свртувал зад првата куќа и се криел под мостето преку каналот крај улицата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега гласовите се мешаат зад катинарот се крие напишана целата историја на Кукулино, од првата куќа па до градењето на многуте воденици долж Давидица: не, таму се наоѓа големата икона на заборавениот прадедо на Јаков Иконописец (роден на крајот на осумнаесетито век -тој, Јаков) на која е прикажано на златна плоча војувањето на три леунки во житно поле со шашливи и дебели беговски слуги и со нивни острозабести загари: не, во одајчето е черупката со круна на оној крал што изградил еден од многуте манастири на скопската Црна Гора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Остана да седи на земја кога богословот влезе во првата куќа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа навраќа во првата куќа и уште во дворот ја замолува жената да му ја среди рибата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ведрина се појави кога стигнавме до првите куќи на селото Височишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не се гледа, но веќе се знае: наближија првите куќи. Тука колоната запира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И кога сите луѓе би се плашеле, кога би се двоумеле, денес не би имале олкави градови кои, се разбира почнале да се градат од првата тула, почнале да растат од првата куќа; не би имале толку долги патишта, пруги кои почнале со првиот метар за да се издолжат потоа во километри и кидометри.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Влеговме во првата куќа, тие спиеја, од едната страна воловите а од другата страна луѓето спиеја.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една вечер бевме ударници. Нашата десетина се упати кон селото Грбавец, Тиквешко, кога наближивме до селото требаше да биде строга тишина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)