прв (прид.) - линија (имн.)

Половина ден пат одење - е првата линија на фронтот и смртта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кратка пауза. Сега одново префрлување на првата линија и прел да стигнат, артилериските гранати почнаа да ја ораат втората одбранбена линија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Артилеријата од Чука и Културија почна да ја бие првата линија на рововите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека борбите се водат дење и ноќе на првата линија на фронтот, владината војска удри на Лисец, срцето на целокупната одбрана на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На А.А., велеше Х.Х., Партијата му оставила поголеми права и како дире­ктор на Атеистичкиот музеј, поставувајќи го во првите линии во борбата против религијата и Бога, за да има најголемо маневарско поле во откривањето на најкусите патишта како да се отстрани религијата од душите на троверниот албански народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
При еден конфликт на Балканскиот Полуостров, Германија, “ако воопшто земе учество“ не стоела на првата линија и според тоа би се наоѓала во релативно поволна положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со борба гради в гради ја презедовме првата линија, ама заглавивме во минското поле.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот направи чекор напред и рече: - Пушкомитралезецу, оди во својата барака и чекај повик.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо удри со патерицата по подот, застана во став мирно, се исправи, подигна глава и, гледајќи некаде пред себе, војнички рапортира: - Пушкомитралезецот Нумо Дамовски се јавува доброволно за првата линија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Велат: „И ние сме од првата линија“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Најчесто сите во свеста ја имаат - првата линија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниве векови е сеприсутно прашањето дали кога се трага по прогресот, посебно материјалниот, па духовниот, дали се оди напред, се стагнира или се повлекува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Она што ние го сакаме е да бидеме во првата линија на овој феномен на ѓубрето, пресвртената сфера на иднината, и затоа ние, исто така, обрнуваме посебно внимание на оние аспекти на јазикот кои можат да се земат како модел за феноменот на ѓубрето.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мојата чета беше секогаш во првата линија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командирите на четите командуваа – чета напред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)