прв (прид.) - лист (имн.)

Го прочитаа писмото. Во него учителот Кралев пишуваше: „Брате Даме, тука поминаа двајца луѓе, преоблечени во комитска облека.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Иако беше дење, Даме ја запали ламбата и првиот лист го принесе до ламбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ех, како ја очекував првата пролет, за да видам како ќе израснат првите цветови, првите пупки, првите лисја...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На првото ливче, истргнато од некоја нотна тетратка, сум начкрабал нешто за Порфириј, пропаднат студент по историја и левоног сонувач, кој во фетус положба, со палецот во уста, се втурнува во жешки оргии со газдарицата Елвира.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога погледнав пак на почетокот на подврзаните листови пишувани на рака, поправо на првиот лист, видов една белешка во која се велеше: „Сиа животопис по сказание на Никола Поцо писал учител маказарски Димитрија Боте“. Потоа датум: 16 јуни 1872.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па, по мојата лекција на животот и исчитани редови и редови разни мудрости, го вртам првиот лист и ја почнувам оваа нова книга... ама, ја читам по свое. И брзо ја сфаќам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пишпирик или Барбут- бег, сеедно кој, се наведна над потокот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од гранките пробија првите лисја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе го искинеме листов,“ - рече и во истиот момент го искина првиот лист „па ќе напишеш поубаво.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
По малку разгледување пак се слушна гласот: "Првиот лист како да е стуткан. Дајте ми друга!"
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)