прв (прид.) - месец (имн.)

Првите денови, првите месеци, му беа најтешки на Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ниту трошка милост, ниту капка топлина, дури ни во првите месеци, кога сè уште живееја во неговиот малечок стан блиску до пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Немој да ми дишеш во вратот!“ го туркаше кога тој ќе ја прегрнеше наутро, разбуден рано од сирените на прекуокеанските бродови кои во Антверп допловуваа некаде од Америка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Политичкото и военото раководство на Македонија во првите месеци на јануари и февруари 1943 , а имајќи ја предвид поволната надворешна воено-политичка ситуација, презело низа мерки кои го трасирале патот кон позасилен разгор на народноослободителната борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во пролетта на 1943-та на територијата на Македонија се случиле низа настани кои одиграле значајна улога во разгорот на вооружената борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во една таква ситуација, противниците на НОД во САД, предводени од Константин Фотиќ, не мирувале.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
" Појавените информации во американскиот печат во првите месеци на 1944 година за уогата на НОВ и ПО на Југославија, како и за активноста на НКОЈ, не оставале повеќе сомневање кои се носителите на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во првите месеци на 1944 година и Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло презел чекори во круговите на американските културни и политички личности за оддавање признание за учеството на НОВ и ПО на Југославија во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа смисла, делегација на Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, на 13 март 1944 година го посетила градоначалникот на Њујорк, Ла Гвардија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ослепел уште во првите месеци по Првата светска војна, додека го разгледувал решението издадено од власта со кое го обавестувале дека го ослободуваат од обврската да предава мајчин јазик бидејќи не го познава јазикот на новосоздадената држава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)