прв (прид.) - миг (имн.)

Гледајќи го, навален на бирото, Мајка, во првиот миг, не сакаше да помисли на најлошото, но, сепак, со страв, се надеваше дека можеби, од преголем напор, подзаспал, како и другпат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во првите мигови, Татко не можеше да разбере што се случило, но набргу претпостави дека сигурно стигнало писмото од Водачот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секогаш го чувствувам твојот воздух околу мене и во мене, и ме навраќа на првиот миг...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во првиот миг сакаше да стани и да бара прошка, ама не и беше по волја тоа да го направи во присуство на толку луѓе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Веле од првиот миг почувствува дека велгоштанецот му е близок, поблизок дури и од вујко му Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И така, уште во првите мигови на духовното осозна­вање на животот, светот, од тивката и ненаметлива побож­ност на Мајка и Татко, пластена во текот на нивните живо­ти низ тивката и ненаметлива побожност и од обете вери низ кои минувало семејството, ја осознавав семејната вис­ти­на за душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од друга страна, тој ѝ се допадна од првиот миг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Силна шлаканица ме освести од фантазијата; како сега се сеќавам дека во првите мигови не можев да сфатам што се случува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, и покрај дивоста со кои таа во првиот миг го задржа на растојание, или можеби токму поради неа, тој ја почувствува силната привлечност на нејзиното тело.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во првиот миг, кога ќе застанам пред него и онака набрзина ќе се погледам, не забележувам ништо страшно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од огледалото ме гледа четиринаесетгодишно, обично девојче, со големи темни очи, со темнокафена коса, височко, ни дебело ни слабо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ниеднаш не пожелеа ништо, сето го чуваше за себе, дури ни за сето време, додека гледаше како му се отвора пред погледот таа очекувана долинка, на чиишто млаки помисли уште првиот миг, кога го пронајде дирата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко скокна од својата постела уште во првиот миг штом се почувствува буден и по стара навика помина со обете дланки по рамената.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во првиот миг малку нѐ штрекна, се поисплашивме, што е оваа работа рековме, го оставивме појадокот и летнавме да видиме што се случило.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во првиот миг така неочекувано најдувајќи се повторно слободен, крај брегот, слушајќи го нејзиниот глас, не гледајќи на брановите како избезумен, поитав кон Неа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но подоцна научив што треба да правам: во првиот миг кога мајка ми ќе започнеше разговор со некој од купувачите, јас го измолував татко да ме пушти да одам да читам, тој ми одобруваше, па јас набрзина излегував од продавницата и тргнував кон читалната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми читаше книги кои ги изучуваа на медицинскиот факултет, а јас се обидував да разберам некое философско дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И нашиот живот почнува со првиот миг, со првиот ден на раѓањето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, во првиот миг никој не ме следеше, никој не сакаше да појде без малку обезбедување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еве ја светлината! Во првиот миг Тулио Бути не можеше да ја поднесе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Џемс Џојс  ИВЛИН
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку е мирно тука, помисли, така барем му се стори во првиот миг, а само да се заслушаше под тенката корка на бетонот од ова масивно куќиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под себе, низ него ќе поникнеа оние нечујни шумови што несносливо бучат во него и сега, она крештаво кркорење на радиото со прегорен електролид, клопоткањето на садовите во кујната и нервозното мрморење и трескањето со вратите од жената, сите неподносливи звуци што се собираа во непријатната бучава во главата и од кои мораше да избега и да дојде тука, на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само два чекори го делеа од работ на покривот виснат над бездната на улицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)