прв (прид.) - министер (имн.)

Во 1956 година е именуван за прв министер за култура на НР Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во тие исчекорувања и застои на неговата бирократска кариера, помина повеќе од половината на неговиот работен век и четврт век од бракот со Лила, кога започна војната и кога кабинетот на Првиот министер го именува на високо место во Комесаријатот за еврејски прашања, а потоа и за делегат на тој комесаријат, деташиран во новите предели на новата мисија во Скопје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Статуата го прикажува Сенефер, првиот министер и управник на дворот во времето на кралицата Хатшепсут или фараонот Тутмес III.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)