прв (прид.) - момент (имн.)

После паузата, го искористи првиот момент за разговор и веднаш ми рече: - Човекот мора да работи – без тоа животот е празен.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога наближив кон местото, во првиот момент просто се сопнав од изненадување: голем дел од поранешното лозје, сиот простор околу дупката, беше полн со народ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Апостолките на нашиот татко во кој се појавил на свечениот чин, што мене ме одушеви уште првиот момент кога го дознав тој ненамерен гест и белиот невестински фустан што Ласа никогаш не го облече.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дали во нејзината фантазија младоженецот беше татко ми, за нас ќе остане само претпоставка!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така и со Соколета тој си го држеше овој начин, што сега несомнено олеснува да му пристапи: тој нема на сето да погледа така сериозно како што би сторил некој друг, изненадувајќи се можеби непријатно од необичната исповест, а и Соколе, барем во првиот момент, ќе може да ја претстави работата малку како на шега, како да е тоа некаква негова мимолетна бубица, а не длабока тревога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајсторот, заинтересиран и психолошки да го следи партнерот, го забележа веднаш ова и во првиот момент, токму кога ја одби понудата, му се стори дека во таа нестрпливост на противникот се јавува извесен изглед за неговата победа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гронинг: Се сеќавам дека уште од првиот момент чкрабав нешто.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во првиот момент се осети потчинет, ограничен во своето самовластие, но веднаш се успокои, и како да му се симна некаков товар од грбот, па му вели на Стојчета: — Шо има ново? Шо ќе правиме сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој во кратко ја разбра работата од Толета и наполно ја одобри.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не забележува ништо - не ја гледа неа таква каква беше и остана од првиот момент кога дојдоа овде: задржана, замислена, вкочанета...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа нему, во првиот момент, ни през ум не му мина дека оваа ситна, грда мома е неговата вистинска свршеница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веројатно во првите моменти сметаат дека во таков облик се јавува летањето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тие денови на нив не им било лесно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уследиле и непотребни недоразбирања а и сомневања: активистите во градот со кои тој лично контактирал подоцна во првиот момент не биле сигурни фаќањето на курирот дали било последица на предавство или на случајност?!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неколкумина од оние кои контактирале со курирот решиле да се засолнат по блиските села. Страв лозје чува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веќе утре ќе узнаат дека летањето е и нешто повеќе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога влегов во мојата соба долго се колебав дали да ја скријам сликата сега, во првиот момент, или да ја закачам на ѕидот. Сепак се решив на второто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Вера во првиот момент како да се збуни, а веднаш потоа ја прегрна Ели, која штотуку дотрча до неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во првиот момент кога рекоа да одиме во паркот под шатори, нешто страшно ме притисна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас и самата се стресував кога ќе си замислев што навистина можеше да се случи, ако не се разбудев уште во првиот момент, и ако не се вратев по сестра ми, ако не ја извлечкав од креветчето и не истрчав со неа на улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го почувствував како брат уште во првиот момент кога се сретнаа моите шарени очи со неговите сини. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јана во прв момент не ѝ го препозна гласот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам како да го речам тоа, пајаците и понатаму премногу касаа, во првиот момент не бев ниту нечесен, едноставно ја следев а после можеби мислев дека ете веќе ќе прифатам, дека ќе ја пуштам да отиде во било која насока таму горе; среде скалите сфатив дека не, никако, подобро да се убијам ако го прекршам законот, кодексот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во првиот момент не ти е јасно како можат да ти се поврзат луѓе од едниот до другиот крај на планетата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше делумно оќелавен. Во првиот момент му се стори и дека посивел, но сив му беше само скалпот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледа дека биле замешани во нови заговори уште од првиот момент на ослободувањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете, таа ми кажа за реакцијата на Симона, веројатно не можејќи во првиот момент да се сети на никого друг, со кого би можела да зборува. По два дена, Симон беше уапсен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пет години, па не…, можеби ќе бидат и седум…, така ми кажа ти во првиот момент кога ја слушнавме веста за твојата тешка болест.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во првиот момент тоа ја уплаши. Сакаше брзо да побегне.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во првиот момент ѝ се стори дека се почувствува незгодно, непријатно, што еве и нејзината другарка ја гледа меѓу овие болни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За отфрлањето од првиот момент кога го пречекори нивниот праг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се сакаат од првиот момент кога се сретнаа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во првиот момент, Хелвиг се разбесне.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Покрај тоа што ја интересираше во првиот момент по олеснувањето од болките — дали е живо, сега оди понатаму.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешка ја слушна стрина ѝ Митра и во првиот момент новината не ѝ направи никаков впечаток.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во првиот момент изгледаше како зборовите на авторот да не допреле до него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во првиот момент изгледа за мене беше прифатлив ваквиот совет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уследи она што требаше да го сторам уште во првиот момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најпрвин се обидов да сатапам во врска со Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина ми се пристори дека доктор Пачев ќе беше во право но само под еден услов: ако се случило овие настани да ги забележувам во деновите кога се случуваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ѝ реков на девојката дека моите зборови сигурно ја вцрвиле и под комбинизонот, во првиот момент таа почна да се кикоти како одзатната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Млад пријателе, совршениот ред создава задоволство само во првите моменти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мартин во првиот момент не знаеше што да прави, беше без волја да заигра, но сепак ја подаде раката кон едно од децата што бегаше тој момент крај него и успеа да го допре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сеуште немам одговор, но со целото мое срце се обидувам да откријам зошто не сме заедно и секој ден до крајот на животот копнежот ќе биде толку силен како и првиот момент кога погледна во моите очи и таму ја пронајде твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го идеализирав секој момент поминат со тебе, живеев со желбата да споделувам се, сега се е едно големо разочарување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Еванс, од првиот момент по пристигнувањето во март 1943 година, живеел и слободно се движел "меѓу Македонците, кои го примиле и му верувале".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во првиот момент по добивањето на информацијата тие како да не биле свесни за која Македонија станувало збор — за Вардарска, Пиринска или Егејска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информациите на Еванс претставуваат првокласен извор за опстојувањето на Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По редица консултации, екпертите можеле "со сигурност" да потврдат дека "Македонија за која станува збор е југословенската Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ДАРА: (вo првиот момент остануе како скаменета.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Уште од првиот момент настапив многу искрено со него, па така и продолжив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште од првиот момент кога ја видов ми влезе жената во аура.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште од првиот момент кога ја видов мајка му ми стана многу симпатична.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во првиот момент одглумив дека не ми е познат, иако многу добро го знаев тој човек, а и целата јавност го познаваше како многу контраверзен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)