прв (прид.) - мрак (имн.)

Часов е како создаден за една таква прошетка; целата Потковица, од сртовите на ридовите, прудолу по падините и во бавчите е раззеленета и како полеана со златото на залезот, воларите веќе се враќаат во населбата, а стадата се симнаа на долните падини на ридиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- А тоа време е достатно, смета Максим загледан натаму, накај Камен, да може човек, ако тргне сега од Имотот, од Западна Порта, со ден да стигне на Камен и пред првиот мрак да се врати назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Трипати на ден го менува мирисот: наутро, сѐ додека пука зората и додека врз јасносините и белузнави листенца во капки истрајува росата; на пладне, кога вршник е жегата и квечерум, пред заодот на сонцето - до првиот мрак и првата вечерна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Да, додека падне првиот мрак! - дофрли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Господе! Па овде со првиот мрак ни прст пред око не се гледа. Совршено место за јавно - скришно гнездо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие излегуваа од своите домови со паѓањето на првиот мрак и се се движеа бавно крај полуосветлените излози, се врткаа околу пластичните трафики во центарот на Метрополата, повремено можеа да се сретнат во слаткарницата „Крем“ или во винаријата „Бахус Мак“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светлоста на денот отпатува зад ридовите. Под тежината на првиот мрак, покривите се сплескаа, станаа рамни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Првиот мрак се спушта. Во собата Симка е сама.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Модра сенка на првиот мрак се прикраде полека, неосетно паѓајќи му преку рацете.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Полесно е да внимаваш на една пеперуга одошто на стадо овци - го бодреше Загорка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговото стражараење траеше од моментот на будењето па сѐ до првиот мрак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги имавме пред нас Марковите кули, извишени навистина како кули, додека под нив градот се тестеше во првиот мрак, палејќи ги мижуркавите светла како кандила на провев.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По долгата прошетка, од зајдисонце до првиот мрак, нозете малаксуваат и одвај чекаат да си починат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му здодеа веќе уште од првиот мрак да сражари околу куќата, а и ветриштето што како бесно налетува и кине ветки по дрвјата, завивајќи како чакал, го тера да се пикне внатре, препуштајќи му ја стражата на кучето, врзано крај портата, како и на зората што наскоро ќе треба да стигне.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)