прв (прид.) - мугра (имн.)

Кога осамна првата мугра во куќата крај реката, Татко се најде на чардакот, сиот спрострен над реката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Лете на чардакот Преспанецот одледува сонови што се џимкаат до првата мугра одгатнувајќи со децении веќе дали Преспанецот или пак времето е откорнато и кои се причините за масовното проширување на историско слепило во светот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со нарамена торба и стап во раката, Аргир ги цепеше првите мугри, поднаведнат, забрзан... народните учители стариот учител Климент Изморените галеби одамна веќе ги склопија своите бели крила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само во воздухот трепереше здивот на првите мугри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наблизу весело шумолеше Вардар, а во далечината, низ модрикавата завеса на првата мугра, се оцртуваа темните горостасни купи на планините. ***
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На таванот во хотелската соба има скришно пристаниште и бродски сирени кои не ви даваат око да склопите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во првата мугра крикнува искубан петел од лонецот со врела вода.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Уште при првите мугри одеше крај езерскиот брег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)