прв (прид.) - награда (имн.)

Проектот на младите научници ја доби првата награда на една Фордова фондација од далечната Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во 1860 година ја освои првата награда на традиционалниот литературен конкурс во Атина за Сердарот Тој описменува голем број градови и села од западниот дел на Македонија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Прашав дали можеби треба да честам; да не би да сум ја добил првата награда; тие се погледнаа сериозно, завртеа со главите одречно и рекоа, во еден глас, сосема сериозно: „Не“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)