прв (прид.) - оган (имн.)

Несвесно за својата спекулативна моќ низ времето, тоа го размножува првичниот визуелен, колористичен или звучен архетип во безброј нови заменки но никогаш тоа битие во животот, по силана сè, нема да успее да се ослободи од маѓепсното дејство на неговиот прв оган, прво оро, на неговиот прв збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако од првите дни или со првиот оган се јавувала кај човекот желба да има свој имот, надоаѓала и желба да им а единствено засолниште зад чиј обрач остануваат заканувањата на злото и сите недостатоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Низ грлото на Отец Симеон по толку време потече првиот оган.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)