прв (прид.) - половина (имн.)

Првата половина од парите ѝ е исплатена уште наредниот ден, а втората половина – после десетина дена од потпишувањето на Спогодбата. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, потпишувањето на спогодбата се направи под определен притисок и со закани пренесени преку одредени вработени, а се со цел да се избегне скапата постапка на присилна исплата во еднократен износ, која би се спровела по пат на извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По првата половина од овој век, првата од овие опасности практично исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така Камилски сега можеше слободно да му ја препушти иницијативата на Татко, кој во тој период ревносно ги читаше делата на балканските книжевни класици, особено оние од првата половина на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Посебно првата половина од единаесетте метри“, ми вели.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како резултат на провалите и фатените членови на КП во првата половина на 1942 преките воени судови во Софија и во Горна Џумаја осудиле припадници на КП, партизанските чети и групи од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во периодот од првата половина на дваесетиот век, пред самиот почеток на првата светска војна Вардарска Македонија беше потпаднала под српската чизма и сите мораа да ги сменат презимињата од македонски во српски префикс- на пример од Николовски во Николиќ, Димоски во Димовиќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дејството се одигрува кон крајот на првата половина од деветнаесетиот век.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во првата половина на зимата, негде пред самата нова година, се паѓаат и пофалбите од Покраинскиот комитет на Војводина, учество на младинска конференција во Сомбор ( со авантурата што си ја приредивме јас и Михали Банчотов, среде ноќ, по сув студ со месечина, пешки да се враќаме од Сомбор до Гаково), и нормално, неколкумина од соучениците да ги предизвикам против себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа го следиме, некаде, од појавата на Украденото писмо на Едгар Алан По (1809–1849) и Шинел на Николај Василевич Гогољ (1809–1852), значи од првата половина на 19 век, преку расказите на неколкумина долговечни автори кои го одбележаа 20 век и кои се карактеристични за повеќе раскажувачки и стилски текови на 20 век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)