прв (прид.) - пратка (имн.)

По пристигнувањето на првата британска воена мисија на територијата на Македонија започнало и пристигнувањето на првите пратки со воена опрема, како и со санитетски материјал, облека и др.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тој момент па сè до крајот на војната членовите на британските воени мисии во своите извештаи од територијата на Македонија секојдневно ќе го запознаваат својот шеф Фицрој Меклин за состојбата во Македонија, а овој извештаите ќе ги препраќа до клонот на СОЕ во Каиро, кој по анализите ги препраќа до Главниот штаб на СОЕ во Лондон, каде што и се креирала британската воена и политичка стратегија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)