прв (прид.) - приказна (имн.)

И веќе со првата приказна за некаква квачка со дванаесет златни пилиња закопана во дворот на црквата “Св.Софија“ побуди таков интерес кај луѓето, што тие го следеа секој негов збор, како да се надеваа дека еве, секој миг ќе откопаат и самите некакво богатство и ќе се простат со неподносливата сиромаштија...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Си го знае таа Својот почеток И приказната за крајот Со пискот во огништето. 9.6 Ја препрочитувам книгата Легнат на пелена Со која полетувам Кон топлите воздишки Од првата приказна на Мајка.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Поради здравјето, ми вели додека ја затворам вратата од лифтот, а потоа, на патот нагоре, таа започнува со кажувањето на првата приказна во текот на оваа посета и веќе е некаде кај описот на канцеларијата на адвокатот Сечков, додека јас сѐ уште ја затворам вратата од двата куфера во рацете.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)