прв (прид.) - редица (имн.)

Го напоруча убаво, убаво, и Петре изјави желба да остане со брата си во првите редици и да се бори за ослободување на неговото село Старавина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во првата редица беа застанале главните личности од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот ја слушна Арслановата наредба, но место да излезе напред, се заврте назад кон народот, бидејќи и така стоеше во првите редици, та ги поткрена рацете и очите кон небото и почна да брбори некои молитви, a потоа им се обрна на селаните: — Селани, браќа, не оставајте ме сам да ме к'ваат орлите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Или сете, или никого! — се слушна гласот од Стојана Мисирлијата, којшто толку години оди фарија да ги брка комитите и со тоа не мала услуга му направи на Арслана, а преку него и на самиот падишах.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арслан и другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога излегоа пред првите редици и го видоа кадијата со агаларите, застанаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бунтовниците со отворањето на портата го истурија првиот залп во првата редица и се џитнаа напред да си пробиваат пат со уште еден залп, a потоа со јатаганите и секирите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Нека е аирлија работата, ги поздрави присутните агалари, бегови и оџалари, кои му направија место во првата редица. – За аир ќе биде, кади баба, ако сака алах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа беше сосем обична тетратка од сто листа со линии.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Првиот внатрешен лист беше изнашаран со многу цветови, срца и прашалници - со разнобојни фломастери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Понатаму, на секој лист во првата редица беше напишано по едно прашање.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)