прв (прид.) - рожба (имн.)

Откако им умре Митруш, првата рожба и сѐ уште првата загуба, многу години поминаа и уште повеќе времиња се менија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Те одгледах и те вардех како прва рожба?!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Мајка останата сираче при раѓањето, но во првата рожба на својата маќеа ќе ја доживее загубената љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имам вишновка уште од првата рожба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како од пушка исфрлено, уште првата година, додека предвоениот доктор се подготвуваше за заслужено пензионирање, во едната и едниствена соба, отстапена на новата брачна двојка, квекна првата рожба на нивната осведочена љубов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По враќањето од Цариград, тој лесно запаѓаше во својот мистичен сон, тука, во вавилонското одајче во кое не престана да влегува, дури и кога се ожени и кога стигнаа првите рожби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)