прв (прид.) - светилка (имн.)

Понекаде се палеше првата светилка, противставувајќи му се на почетниот сноп мрак, кој пак подмолно се вовлекуваше, легнувајќи врз градот како крадец, тивко и неосетно така што луѓето, венесени секој во својата грижа, тешко го забележуваа тоа приближување, се додека не ги сепна неговото непрјатно присуство врз погледите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во куќата на брегот првата светилка се буди.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навечер, штом ќе зајде сонцето ( а тоа во Трново малку порано се сокрива зад високите ридишта што опкружуваат) и ќе се запалат првите светилки, во бучавоста на Јантра се создава една визија, дека на дофат на раката се испружил некој град, град кој, чиниш плива во воздухот на некој волшебен килим, град од приказните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)