прв (прид.) - свиок (имн.)

Како што подоцна раскажуваа некои од комшиите кои го виделе, Едо одеа за на училиштето до првиот свиок в десно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еј, не се бакнавме! се сети и подзапре дури кај првиот свиок на скалите, ја крена слободната рака во знак на поздрав, испрати еден воздушен бакнеж и исчезна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не забележав дали погледна угоре!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бешир очекуваше на првиот свиок да се вратиме во Картагина. Бешир најчесто молчеше како сфинга.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир кусо коментира: - Забележав многу Палестинци во камионите. Нешто се случува во Картагина! Бевме близу амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наспроти првиот свиок, отаде широката раскрсница, среде ридот, меѓу ниските растенија – цел ред - бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По час и половина го напуштивме Врбник. На првиот свиок, надвор од селото, патот ни го пресече комбе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тажниот поглед на мајка му го следеше до првиот свиок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- За Врбник? – прашува и мисли. – Аха, знам, ама сега не се вика Врбник туку Врник – вели човекот - Треба да се вратите во градот и кога ќе стигнете во центарот пред вас ќе ја видите банката и потоа ќе свртите лево и ќе возите пругоре до првиот свиок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знаеш што ќе те начека и што ќе те снајде на првиот свиок.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Никој“, велам, „нема да се полакоми по искршена кола.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или, ако не можеш да смислиш нешто поумно, тогаш, кога ќе тргнеш од горни двор, на првиот свиок во сокачето удри со автомобилот во ѕидот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)