прв (прид.) - снег (имн.)

Баш сега, кога во белината на првиот снег те видов во џиш црвено, а под црвеното угул голо на радио некој најде да го пушти Реј Чарлс кој лелекаше нешто за ослободувањето на срцето а мене како удар во гонг ме тресна ехото на докторската наредба за оваа прилика специјално обоена во џиш црвено: „Марш таму на мижење!“
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тогаш, на сам ден Свети Никола Земен, цела Пелагонија осамнува под првиот снег, оттаму и прекарот на светецот Никола со бела брада, кој не се истопува преку целата зима, па Потковицата потсетува на нешто бело и огромно, на митолошко птичиште, клапнато во снегот среде полето, кое, ти се чини, секој миг ќе се раскрили и ќе полета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со првиот снег, додека јас спиев, жена ми го замолила соседот да го заколе петелот, како што правевме и другите години за да не замрзне, да не пцовиса од студ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Она што му беше дом задрема во својата самотија, под меката покривка на новиот снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да требаше да го опише звукот на првиот снег, ќе речеше дека е тоа звукот на мирот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Падна првиот снег и ние ја прекинавме работата во фабриката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ така ми текнува по нешто: зад онаа куќа ме клоцна магаре, се сеќавам и на првиот снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го очекуваа првиот снег. Откај Шар бришеше студен ветар, штипеше за лице и ги соголуваше уличните дрвја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дојдоа и првите снегови. Стегна мразот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ноќта ветровите донесоа и големи дождови што продолжија, со мали прекини, сѐ до првиот снег.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вагончињата обесени на дебела жица, мируваат до првиот снег.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дојде зима и падна првиот снег. Надвор сѐ замрзна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Учителот ја побара домашната задача за првиот снег.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На одење дома учителот рече: - Ќе напишете состав за првиот снег. В понеделник ќе го донесете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го преврте листот и рече: - Напиши овде: „Падна првиот снег...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Застана пред нас и прочита: „Падна првиот снег . . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На одење дома учителот ни рече: - Ќе напишете домашна: „Падна првиот снег“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во понеделникот учителот ја побар домашната работа: „Падна првиот снег“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Ајде напиши: „Падна првиот снег...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Прелета со очите по листот, ги намурти веѓите, светна со очите и прочита: „Падна првиот снег...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Бевме водени од пареата што се испаруваше во воздухот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога станавме падна првиот снег, се построивме, а јас бидејќи бев без опинци ми дадоа едни купечки гумени опинци со нови врвки и тргнавме по снегот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
XIV Падна првиот снег прасник и почнаа да се колат прасињата во селото; квичеа прасињата по дворовите, се ширеше миризба на топена маст; на пршки; кучињата влечкаа трбушки и црева по сокаците и бавчите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)