прв (прид.) - снегулка (имн.)

Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѕемне ... и мисли дека е сон првата снегулка што го милува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ветрот веќе почнува и првите снегулки да ги навева. Небаре иглици, небаре пулајќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ветрот бараше сопатник; се провираше низ разлистените гранки, шепотеше некоја своја исповед, беше осамен и претпазлив како и волчицата, за да се споулави со првата снегулка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ветрот бараше сопатник; се провираше низ разлистените гранки, шепотеше некоја своја исповед, беше осамен и претпазлив како и волчицата, за да се споулави со првата снегулка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некаде спроти запад паѓаат првите снегулки светлина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Првата снегулка што неочекувано светна над него, му се стори тешка, неприродно голема и непријатно мазна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)