прв (прид.) - сон (имн.)

Пред семејството да се разбуди од првиот сон во куќата крај реката, Татко, незабележан од Мајка, уште од мугрите, излезе да го види, да го доживее градот, понесен од некаква внатрешна незапирлива сила.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во првиот сон, се појави како девојка со очи на срна, што со шепот налик на летен дожд, од кого наслушнуваше само „ш“ и „ж“ споени во мек полуглас, го повикуваше да и се наближи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од првата ноќ, од првиот сон, таа паднала болна и длабоко страдала.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По првиот сон го разбуди студот, па како што беше лесно облечен, цела ноќ скокаше, се виткаше, си ги триеше измрзнатите меса.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И се извлековме. Назадечки, полека, одвај чујно, излеговме од грмушката и ја претрчавме тревата до следните грмушки од спротивната страна на тревникот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да одиме – предложив. – И тоа веднаш, додека уште се во првиот сон, најдлабокиот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа што вујко ми не ме прашуваше дали сум гладен или каде сум цел ден не ми паѓаше тешко, туку кога од првиот сон ќе се разбудев од некои нозе што поминуваа покрај мојата глава и влегуваа во заграденото од одајчето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не можела да заспие. Ѝ била потребна мојата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По спомнатата расправија, откако бев истерал добар дел од првиот сон, Катерина ме беше разбудила. Притоа се чинеше дека плаче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тој момент се отвори вратата и татко ми, бесен од лутина, разбуден од првиот сон скокна да нѐ раздели.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Со овој мој татко понекогаш многу полесно се разбирам, одошто со мама, - си помислив, замолувајќи го да остане малку со мене додека да ме фати првиот сон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Козите поживо од сите го враќаа него кон вистината за заедничкиот сон. – Ех, како се измешаа времињата! – извика Чанга. – Се измешаа, се измешаа! – И сега козите го враќаат човекот кон првиот сон, кон старата заедница, го спасуваат. Татко ми и со ова се согласи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали ако во првиот сон заскитате во стварниот живот Во вториот ќе се приберете во манастир?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
1. Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се бегало) Наместо прв плач Каков што си имаат сите новороденчиња Јас да си имам прв сон И првиот сон да ми биде вековит Како што е вековито Моето племе на сонувачи Во чиишто пештери и колиби Пред толку и толку илјади години Е зачнато сонувањето И за чиишто прапрапрадедовци Научно е докажано дека биле Првите сонувачи на долги патеки Во историјата на чистото сонување Оти од чисти извори и чисти мисли Само чисти сонови течеле Чисти сонови врз чисти постели Чисти постели од кои се скока Директно во јавето Макар што за нас коалите Велат дека не сме толку темперметни И некои особени скокачи И дека нашите скокови биле обратни Од јавето во сонот И уште велат Дека мал и редуциран ни бил мозокот (Мал мал ама технички дотеран) А ако сте малку од малку дикатлии На интернет сами ќе видите Дека живееме осумнаесет години Значи петнаесет преспиваме А останатото време грицкаме еукалиптус Сигурно сте чуле дека во јазикот на Абориџините Коалата всушност значи – не пие И љубезно ве молам не ни приредувајте никакви стресови Ние навистина сме многу чувствителни И кога сме под стрес плачеме како деца А тоа потем се одразува врз квалитетот на нашите соништа.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
2. Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Изгледаше како споулавен од бес затоа што го разбудија од првиот сон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трговецот со добиток успешно го погоди името „тутун“ и го доби облогот со врагот. Му припадна целата нива со тутун.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)