прв (прид.) - студ (имн.)

- А ти ги најдели подземните одаи? прашав; првиот студ веќе ме присилуваше да ги собирам рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Штом фатија првите студови, мравките се прибраа во својот дом.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јаков не одговори.  Со зимата и првите студови, стигна и гласот дека почнува примената на бугарскиот закон за заштита на нацијата, со кој Евреите беа прогласени за граѓани од втора категорија.  Јаков потстана во постелата зашто со светлината што допираше однадвор се слушаше и гласот на шамашот6 кој потсетуваше дека е Ханука7, празникот на светлината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Првата зима на ова војна не само возрасните единоверци, туку и нивните деца умираат како муви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)