прв (прид.) - том (имн.)

Игнорирајќи го гладот или залажувајќи го со по некое јаболко или некое зрно леблебија купена на одморите, се дружев со хероите на Шолохов од Тихи Дон откриени за прв пат во првиот том купен од една антикварница во Суботица, издание на Космос од Белград од 1940 година.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мирон Донски имаше да му каже уште нешто: - Започнуваме со објавувањето на првиот том на битолските кадиски сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Впрочем, избраниот наслов на книгата Атеистички музеј целосно и антитезно одговара на првиот том од трилогијата: Татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потем, тимска работа, па коавторско објавување на првиот том од преведените сиџили, па Орден и, на крајот, подалеку од Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)