прв (прид.) - удирање (имн.)

Првиот удар со чеканот и глетото на него, му ја возбудуваше душата, трептеж чувствуваше во рацете, во снагата; зашто првото удирање беше почеток на милионските удари што потоа ќе уследеа за да се оформи каменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На првото удирање на часовникот од сите страни на Атпазар излегоа по еден Мариовец и се запатија кон чешмата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)