прв (прид.) - умирање (имн.)

По првото умирање во семејството, кога бев дете, дознав и за самиот чин на постоењето на смртта, па природно, ми се поставуваше и прашањето за продол­жу­вањето на душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По првото умирање во семејството, кога прв пат доз­нав за постоењето на смртта, за смртноста, го прашав Тат­ко: – Што се случува со душата по смртта?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си отиде уште на првото умирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога започнаа првите умирања во егзил, започна да се смалува и нашиот облак на небото.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше првото умирање во семејството откако ја минавме границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)