прв (прид.) - хидроцентрала (имн.)

Сѐ зависеше како ќе тргнат работите на изградбата на првата хидроцентрала и брана на реката на истекот од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Трим Тоска, откако сите во салата се смирија, продолжи: - Почитувани другарки и другари, нашата голема Партија, во согласност со сите локални и републички органи на власта, откако изврши повеќемесечни истражувања по биографиите на нашите кадри, реши на прекалениот другар Јагулче Дримски да му ја довери изградбата на првата хидроцентрала на нашата река, недалеку од истекот од Езерото...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секретарот Трим Тоска, на крајот, го заклучи свечениот дел на седницата и го најави работниот дел за попладнето, кога се очекуваше да бидат изложени плановите за градбата на првата хидроцентрала на реката на истекот од Езерото, кога експертите требаше да си го кажат своето, а и политиката немаше да остане замолкната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во годината на најголемиот земјотрес на Балканот, во главниот град на Републиката, започна градбата на првата хидроцентрала близу истекот на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)