прв (прид.) - чета (имн.)

Потоа го испратија на некој курс за водници и ете ти го командантот на вториот вод на првата чета... Или да речеме заменикот политкомесар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Суљо-ага тргна по познатиот пат Штавица, но место да ја преоѓа Црна на Чебренскиот Мост, каде што беше разбиена првата чета, кадијата го упати на другиот мост – на Светецот за да премине полесно, претполагајќи дека Чебренскиот ќе биде поседнат од бунтовниците, кои ќе се надеваат на други напади.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татко беше изненаден од овој офанзивен настап на Климент Камилски, кој како да се чувствуваше на бојното поле со првата чета на десетте први жртвувани зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Или, да речеме, командантот на вториот вод на првата чета. Вистински кавалерист!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)