прв (прид.) - ѕвезда (имн.)

Завршува царството на денот. Првите ѕвезди го најавуваат царството на ноќта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А наоколу мириса на цутови ...  Гита Корец секогаш на ова место ги отвора очите во спалната соба од архирабинската резиденција во Солун, оставајќи го носталгичниот сон недосонуван.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што леталото завлегува во зоната на ноќта распослана над Атлантикот, низ прозорецот допира сѐ поскудна светлина, како некој надвор брзо да го свртува реостатот од светлосниот парк на дневната светлина, па океанот добива на таинственост и несфатлива длабочина, а на небото се појавуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го гледа, сега, вратена дома откај Ребека, онака крупен и свртен со грб кон неа, како седи во колипката со отворен весник во рацете, читајќи на скудната светлина од газијарката покрај него, додека далеку пред него, почнуваа тивко да заблеснуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе го завиткаше, потоа, во ленено цедило, а потоа ќе си го земеше пагурчето, ќе седнеше покрај нас во постелата и ќе си запееше: прати ми во писмото малку од твојот глас, да го носам со себеси зашто твојот глас е гранче чесно дрво...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Лука Јас, Лука, монах од Вапа, запишав: Пред мене, најстар меѓу монасите, пред легнување застануваа сите монаси и не толку да ми бакнат рака колку да видам кој до кое господово скалило дотерал, убаво распознавав кој најбрзо при Господа ќе стигне и саноќ буден јас своите соништа на оној му ги дарував на кој светлината на првата ѕвезда веќе го допрела.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Небото се китеше со првите ѕвезди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вечерта, кога падна првата ѕвезда, луѓето рекоа. „Од Профима е...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ни по првите ѕвезди не се стемнуваше. Онисифор Проказник праша за добитокот, дали е носен на пасење, дали има сено и дали е напоен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега во дворот, во таа наголемена половина поцрнета тепсија, бевме собрани сите што се мислевме како гости на домаќинката: Арсо Арнаутче, Сандре Самарија, Никифор Ганевски, Онисифор Проказник и Орлен Шумков: Никола Влашки продолжи да спие во плевната а јас стоев зад недоплетен кош и се сеќавав на летните топлини и на благото бранување на 'ржта во предвечерните времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа почна да потемнува. Над неговата модрина изгреа првата ѕвезда и уште пред да се слее планината со небото, овчарите ги потераа овците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се палат првите ѕвезди, претпазливо, како да се плашат од голите гранки, што покажуваат кон нивната студена светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По залез, што туку светна првата ѕвезда, вратата на воденицата скрца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога излегоа првите ѕвезди, трубадурот се врати назад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Навистина не знам како ми успеваше да се снаоѓам сам на ранчов, пред да се појавиш ти и малку да ја развеселиш атмосферата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Излезе првата ѕвезда. Ми намигна пријателски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Муграта ја проретчи темницата. Ја просеа низ сито.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таму е завршен животот и е обездушено постоењето! Вистината е во сѐ што продолжува...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настапуваше тивката летна квечерина. Се појавуваа првите ѕвезди над езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога небото ќе се ослободи од сонцето, попуштаат невидливите стеги, се рони питомата светлина на првите ѕвезди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немоќен на земјата, како птицата албатрос, тој беше моќен кон небескиот пат, со крилјата на слободата! - ја продолжив размислата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една тивка квечерина, кога сонцето заоѓаше зад Тврдината и набргу во реката патуваше светлината на првите ѕвезди, Климент Камилски, по првата испиена чашка ракија, на чардакот на нашата куќа крај реката, загледан во далечината преку отворениот прозорец му прошепоти на спроти него седнатиот Татко: Во троа живот што ми преостанува на Балканот, најголемиот дел од моите заработени пари ги потрошив за моите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На синото небо се запалија првите ѕвезди и прамени светлина паѓаа врз тврдината Кале на другиот брег од реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Над неговата модрина изгреа првата ѕвезда и уште пред да се слее планината со небото, овчарите ги потераа овците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се вестеше светлината на првите ѕвезди. Го забрза чекорот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Почнав од првата ѕвезда. Ја впив во зеницата, и таа, светлечки гулаб, затрепери, ги рашири крилјата, потоа се нурна кон мене. Ги заклопив очите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)