прв (прид.) - американски (прид.)

Не постои музеј на Џорџа О’Киф, не постои музеј на Џексон Полок, не постои музеј на Џаспер Џонс. (...)Денес типичното мислење на уметничкиот свет за Ворхол е како за сликар со брилијантен почеток кој уметнички (креативно) умрел некаде во годината кога Валери Соланис се обиде да го убие 1968-та и кој заврши како високо комерцијален уметник, продуцирајќи било што за секој кој бил спремен да ја плати цената; а да, и како за некој кој направил неколку важни филма.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Досега има можеби неколку домови претворени во музеи на сликари од деветнаесеттиот век - помислувам на црквата Фредерик и Августус Св.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гауденс - но колку што можам да се сетам, Ворхол е првиот американски уметник кој бил така почествуван од оваа земја, со исклучок на Норман Роквел, the master of Hallmark sentimentalia. (...)Од исказите на екипата која стои зад организирањето на овој проект, ова е досега најсеопфатна институција од ваков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После сѐ, го составил првиот американски прирачник за употреба на рекреациони дроги - The Hasheesh eater (1857).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мајорот Скот Дикинсон бил првиот американски офицер што бил испратен при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа започнало инфилтрирањето на американските воени мисии во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во почетокот на март 1944 година, во британските и американските воени кругови започнале дискусиите за стационирање на територијата на Македонија на првата американска воена мисија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За ова на 22 март 1944 година била испратена телеграма од Одделот за Југославија до британската воена мисија Брејсиноус (Брасеносе), која се наоѓала на територијата на Македонија, при што се укажувало дека било договорено меѓу „Тито, Американците и нас, Американците да ја преземат мисијата при МАКЕДОНСКИОТ ГШ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 21 јануари 2008 година, во дебатата пред внатрешните избори во Демократската партија во Јужна Каролина, Барак Обама го прашаа што мисли за изјавата на Тони Морисон дека Бил Клинтон е првиот американски Црнец што станал претседател. А овој одговори: „Ќе мора повеќе да испитам како стои Бил со шизењето“.89
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поетот Махмуд Дарвиш не веруваше во својата поезија- живот дека постои враќање од егзил. Тој својот раиз ќе го напушти на овој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мене ми остануваа сведоштвата за Арафат од времето на почетокот на остварувањето на политиката чекор по чекор која ја доживував во Картагина кога овде започнаа првите американско- палестински разговори, во пролетта 1988 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој филм ѝ припаѓа на одредена етапа на Хичкоковото творештво; ако ги исклучиме подоцнежните дела, без кои, така да се рече, „Хичкок не би бил Хичкок“, неговото творештво јасно се дели на три етапи: англиска етапа (триесетти години), првата американска (“Selznick”-овата) етапа (четириесетти години) и втората американска етапа (од 1950, од „Странец во возот“ па натаму).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Стигнавме да ги гледаме и првите американски каубојски филмови, борбите со Индијанците, а ретко ќе гледавме и некој индиски филм, со носталгични песни, кои често ги гледаше и Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)