прв (прид.) - вистински (прид.)

Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, сепак, ја веселеше помислата дека конечно се наоѓа на првата вистинска трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислам дека мојата следна книга, која се вика Empty Words, ќе има многу изразено политичко чувство.  Б: Ох, тоа е добро. К: На почетокот ја искажувам оваа вчудоневиденост пред престојните настани, а тогаш следното... тоа е вовед, а потоа првата вистинска статија е „Предавање за времето“, предговор за она, знаете веќе што?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се сеќаваше на првата вистинска гитара што му ја купија, на негово инсистирање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Долго потоа ги пребројувавме ранетите и повредените, се миевме на чешмичето и живо расправавме за првата вистинска тепачка во нашиот живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)